TobiWan ставен на црниот список од Beyond the Summit

TobiWan

Тоби „TobiWan“ Досон, еден од најважните коментатори  во Dota 2 сцената , е една од последните фигури обвинети поврзани со неодамнешниот бран на вознемирување и сексуално малтретирање.

После неколку тврдења од жени во Dota 2 заедницата  кои тврдат дека биле сексуално вознемирувани од страна на TobiWan во минатото, косопственикот на Beyond the Summit, Дејвид „LD“ Горман на Твитер објави дека северноамериканското студио за продукција нема да соработува со TobiWan повеќе.

Предходно денес TobiWan на Твитер проба да се оправда и извини, но овој негов потег само дополнително ја разгоре ситуацијата.

Како резултат, TobiWan објави втор подолг твит во кој именуваше неколку личности, и ја раскажа својата верзија на фактите со насочени извинувања за секоја специфична ситуација.

Како и да е, ситуацијата ескалираше повторно кога Dota 2 cosplayer Меруна во својoт твит објави дека не е контактирана од TobiWan и го изјави следново: „Лицето кое не можеше да земе„ Не “за одговор и иницираше сексуална активност со мене против моите јасни и повторени желби е Тоби „TobiWan“ Досон. “

Она што ја прави оваа ситуација уште потрагична е фактот дека Меруна е во долготрајна врска со Троелс „syndereN“ Нилсен, со кого Тоби формираше незаменливо кастинг дуо, започнувајќи од International 2012 година.