Толку требаше: Xbox Series S го тролаат со брутални мемиња

Xboх

Не им требаше многу време на „хејтерите“. Microsoft го потврди next-gen Xbox Series S моделот во текот на вчерашниот ден. А интернетот веќе „полуде“ и на прилично брутален начин го истрола дизајнот на конзолата.

Xboх Series Ѕ, послабата верзија на next-gen конзолата, која ќе пристигне на 10 ноември за околу 270 евра, има далеку потенок дизајн од „фрижидерот“ Series X. Но, тоа не ги спречи фановите да си поиграат со конзолата поради нејзиниот неконвенционален изглед. Тоа и не треба да биде изненадување со оглед на фактот дека и PlayStation 5, Xboх Series X, па и DualSense контролерот минаа низ истата фаза.

Како што можете да видите во прилог, не требаше многу за Twitter заедницата да излезе со свои „предлози“ за специјално изработени Series Ѕ дизајни.

https://twitter.com/JordanOloman/status/1303264919928832000?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1303264919928832000%7Ctwgr%5Eshare_3&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.ladbible.com%2Ftechnology%2Fgaming-the-xbox-series-s-design-has-already-spawned-some-savage-memes-20200908

А секако, неизбежни се и оние „стручњаци“ кои (прецизно) ја споредија конзолата со машини за перење, оние звучницине во drive-thru рестораните, па маски за мечување…

https://twitter.com/sthetixofficial/status/1303259067167641600?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1303259067167641600%7Ctwgr%5Eshare_3&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.ladbible.com%2Ftechnology%2Fgaming-the-xbox-series-s-design-has-already-spawned-some-savage-memes-20200908

https://twitter.com/digital_firefly/status/1303171447469281280