Tom Clancy’s XDefiant е нова бесплатна FPS игра на Ubisoft

XDefiant

Ubisoft ја претстави новата игра наречена Tom Clancy’s XDefiant во која мечевите ќе се изведуваат во формат 6 против 6, а класите се „позајмени“ од повеќе серијали на Ubisoft.

Како што беше и најавено претходно, Ubisoft и официјално ја претстави својата нова free to play arena FPS игра наречена Tom Clancy’s XDefiant. Oгранокот на Ubisoft во Сан Франциско подготви брза и динамична shooter игра во 6 против 6 формат со „разумн брз“ TTK, базирана на судир меѓу класи.

Од Ghost Recon ни пристигнува класата Wolves, од Division пристигнуваат Cleaners и Outcasts, а Splinter Cell е претставен преку Echelon класата. Секоја класа има свои вештини и гаџети кои му користат на тимот. Секој играч може да носи примарно и секундарно оружје, гранати и гаџети, а има и посебен напад зависно од класата која ја игра. По respawn-от класата може да се промени без ограничување.

Мапите во играта исто така ќе бидат инспирирани од другите серијали на Ubisoft поврзани со Tom Clancy’s. Во тестирањето пред лансирањето играта ќе има десет мапи, 7 од арена тип и 3 од линеарен тип. Од модовите за арена мапите ветуваат три режими – Domination, Ringleader и Upload, додека линеарните мапи имаат два мода – Escort и Zone Control.

Играта се напојува со Snowdrop Engine, истиот кој беше користен за Division насловите, а ќе се игра на PC, PlayStation 4 и 5, Xbox One и Series X/S платформите. Како што е веќе напоменато, XDefiant ќе биде со free to play формат, а првите тестирања на PC почнуваат веќе идниот месец.