Новиот Warzone тизер го откри датумот за бомбардирањето на Verdansk

Warzone

Во изминативе месец дена, Activision и Raven Software постојано „тизнуваат“ за настан во Call of Duty: Warzone во кој Verdansk ќе биде уништен од нуклеарки. Најновото тизер видео потврдува дека ова армагедон сценарио сега е на само неколку дена од почетокот.

Шпекулациите за нуклеарното бомбардирање со кое Verdansk ќе биде збришан, се појавија уште од лансирањето на Warzone во март минатата година, но овие работи почнаа да се покажуваат дури неодамна. Од почнувањето на најновата втора сезона во Warzone, зомбињата полека, но сигурно ја освојуваат мапата. По ова, голем број „ликови“ се појавија кои најавуваа дека Verdansk ќе биде бомбардиран со нуклеарки. Неодамна се појавија и снимки од ракети како прелетуваат над Verdansk, а веројатно станува збор за баг, но ги потврдува претходните најави, како и „протекувањето“ на новата Verdansk мапа. Беше јасно дека крајот е блиску, само колку блиску, тоа никој не го знаеше.

Но, Activision сега ги „тизна“ толку очекуваните CoD: Black Ops Cold War и Warzone Season 3, кои ќе ги донесат најголемите промени за battle royale-от со целосно менување на Verdansk. „Крајот е блиску“, гласи пораката на официјалниот Call of Duty Twitter профил, потврдувајќи дека настанот ќе се одржи на 21 април. Од оваа гледна точка јасно е дека нуклеарните ракети и зомбињата ќе играат клучна улога во уништувањето на Verdansk, а сигурни сме дека самиот настан ќе биде вистински спектакл.

Но, што точно ќе го замени Verdansk откако ќе биде срамнет со земја? Според протечените фотографии, новата мапа едноставно ќе биде верзија на Verdansk од 80-тите години, со што ќе се приближи до тематиката во Black Ops Cold War.