Тура низ куќата на Notail – најбогатиот еспорт играч! Гостин е и нашиот Сакса

Notail

Johan “Notail” Sundstein е еспорт играчот со најголема заробтка во светот. Тој има заработено повеќе од 7.4 милиони долари.

Notail е Дота 2 играч кој е еден 5-те што може да каже дека го освоил најпрестижниот и најплатениот еспорт настан The International не еднаш, туку два пати!

BBC направи интервју со Јохан во неговата „палата“ во Лисабон која содржи 17 соби. Тој и неговиот тим OG од таму вежбаат и се натпреваруваат на онлајн Дота турнирите.

Интересно е што на оваа турнеја можете да го забележите и најуспешниот македонски еспорт играч – Мартин „Сакса“ Саздов како кажува неколку зборови за неговото искуство кога и тој беше финалист во The International.