Twitch го отстрани познатиот стример DrDisrespect

DrDisrespect

Еден од најпопуларните стримери на Twitch  DrDisrespect наводно, уште во петокот е целосно баниран од Twitch. Претходно во март, DrDisrespect потпиша повеќегодишен ексклузивен договор со платформата за стриминг па така овие новости дојдоа како големо изненадување. Истакнатиот инсајдер zа eспорс, Род Бреслау, меѓу првите напиша на Твитер.

Twitch беше ставен под голем притисок за непреземање на дејствија во врска со обвинувањето на стримерите за сексуално вознемирување. Конечно, на 24 јуни, платформата за стриминг објави на нивниот официјален блог дека трајно ќе го забранат обвинетиот доколку биде прогласен за виновен.

По објавувањето, неколку стримери беа трајно забранети од платформата, вклучувајќи популарни имиња како BlessRNG, Wolv21, WarwitchTV и IAmSp00n.

Twitch не даде никаков апдејт за забраната на Док, ниту наведе колку долго ќе трае забраната. Напротив тие објавија прилично збунувачки твит во врска со овој проблем.

Иако од Twitch не објавија информации во врска до Док, Род Бреслау повторно објави твит во кој даде објаснување заради кои причини Twitch го банираше DrDisrespect.

Точните причини се уште не се познати. Некои првично веруваа дека забраната може да биде резултат на кршење на протоколите на DMCA . Протоколите на DMCA им наложија на стримерите да се водат по стрикни правила и било каква навредлива содржина во својот стрим веднаш да биде отстранета . Сепак, Род Бреслау во пoследователен твит ги олади гласините во кои се вели дека забраната на DrDisrespect не се заснова на прекршување на DMCA.

На сите претплатници парите им се вратени назад

Twitch започна да им ги враќа парите  на сите претплатници на DrDisrespect по забраната. Бреслау, исто така, објави дека партнерството со Twitch со Док е пред раскид. Тој исто така сподели пост на Инстаграм на сопругата на Док, што се чини дека е порака до фановите на DrDisrespect.

DrDisRespect сеуште се нема огласено во врска банот

DrDisRespect претходно беше баниран околу две недели од Twtich во јуни 2019 година. За време на настанот Е3 таа година, тој пренесуваше во живо од машкиот тоалет што доведе до привремена забрана.

Док се стекна со огромна популарност благодарение на неговата харизма. Тој има повеќе од четири милиони фанови на својот Twitch акаунт. Потегот од Твич е алармантен за секој потенцијален иден стример кој ќе ги прекрши протоколите. Да се забрани некој со висок ранг во заедницата, дава огромна порака од своја страна.

Д-р Дисреспект досега нема коментари за забраната. Се надеваме, повеќе детали за инцидентот ќе излезат на виделина во наредните денови.