Twitch не прави исклучоци, блокиран каналот на Доналд Трамп

Доналд Трамп

Twitch привремено го забрани каналот на претседателот Доналд Трамп. Со овој потег тие покажаа дека ниту еден најмоќните политичари не имун на стриминг каналот. Сметката на Трамп беше забранета за „однесување што предизвикува омраза“ што се емитуваше во живо. Од Twitch изјавија дека навредливата содржина сега е отстранета.

Тој во еден во од своите стримови изјави дека Мексико испраќал силувачи во Соединетите држави. Twitch исто така ги обелодени расистичките коментари на неодамнешниот митинг на Доналд Трамп во Тулса кадешто тој ги навреди азијците.

„Како и секој друг, политичарите на Twitch мора да се придржуваат кон нашите услови и упатства за заедницата. Ние не правиме исклучоци за политичка или новинарска содржина и ќе превземеме акција за отстранување на содржината што ни е пријавена да ги крши нашите правила “, изјави портпаролот на Twitch за„Verge “. Изјавата првично беше издадена минатата година кога беше лансиран каналот на Трамп.

Twitch Suspends Donald Trump's Channel For “Hateful Conduct” - One ...

Суспензијата пристигнува една недела откако Твич се заколна дека ќе се спротивстави на вознемирување во заедницата по извештаите за напад и навредливо однесување од страна на стримерите. Тоа е знак дека Twitch можеби почнува да ги сфаќа апелите од заедницата многу по озбилно. Расистичкиот јазик што му го забрани на Трамп е честопати дозволен на други платформи поради неговата улога на политичар и претседател на Соединетите држави. Facebook и другите платформи заради рекламните пари се почесто одбиваат да го блокираат претседателот на една од најмоќните држави во светот

Забраната на Доналд Трамп од Твич не е постојана. Тој би требало да се врати на платформата во рок од една или две недела. Иако не се кажува колку долго ќе помине пред неговата политика повторно да му донесе друга суспензија.