Ubisoft го најави следниот Ubisoft Forward за E3 2021

Far Cry 6

Издавачката куќа Ubisoft ја објави дека нивната следна дигитална конференција која ќе се одржи на 12 јуни во 21 часот по локално време. Овој Ubisoft Forward ќе биде дел од саемот Е3 и ќе се емитува со пристап за сите заинтересирани гледачи.

Што можеме да очекуваме на овој Ubisoft Forward

Ubisoft не објави што „носат“ на новиот Ubisoft Forward, но не е навистина тешко да се погоди. Како и да е, плановите за првата половина на 2021 година пропаднаа, па затоа од трите игри што планираа да ги пуштат(Far Cry 6, Riders Republic и Prince of Persia: Sands of Time Remake), не успеаа да пуштат ниедна. И сигурно е дека некои од овие игри ќе бидат прикажани на споменатиот датум.

Покрај нив, Ubisoft има и други игри кои одамна не сме ги чуле или виделе. Тука првенствено мислиме на„ Beyond Good and Evil“ 2 и „Rainbow Six Parasite“, но и на следната „Splinter Cell“ игра која е во развој веќе неколку години – само поради некоја причина тие не можат да ја објават.

Француската компанија исто така откри на почетокот на оваа година дека планираат да водат што повеќе бесплатни игри за во иднина, така што е многу веројатно дека ќе најават нешто и во тој стил. Тие исто така имаат намера да ги поддржат нивните најпопуларни мултиплеер игри – Rainbow Six Siege и For Honor.