Ubisoft најавува свој нов battle royale наслов

нов battle royale наслов

Големата Француска компанија Ubisoft, денес гордо го најави својот нов battle royale наслов. Конкуренцијата во полето не е мала, таа се состои од Fortnite, Apex Legends, PUBG, COD: Wazrone. Ова само ни сугерира дека тие имаат нешто инзвонредно да понудат!

Изворите на еспортс-новинарот Род Бреслау тврдат дека е free-to-play FPS игра од Ubisoft Montreal, нејзиното дејство ќе се одвива во иднината и ќе пристигне многу брзо. Иако најавата е денес, лимитирана бета верзија ќе биде пуштена следната недела, а ќе биде достапна за сите на 12 јули.

Ubisoft и Twitch имаа многу блиска соработка, тие претставија досега невидено ниво на соработка. Парот овозможи четот да може директно да влијае врз играта. Бреслау исто така изјави дека ќе можеме да го видиме тоа во живо на стрим покасно неделава.

Нов battle royale наслов

Првично играта беше најавена само како гејм-мод под името „Prisma Dimensions“, а подоцна ќе биде достапна под името Hyper Scape. Играта е опишана како многу брз батл ројал, кој ќе биде FPS (first person shooter) со футуристичка естетика. Играта на почетокот ќе биде само достапна за PC, но без гајле бидејќи тие најавија cross-platform верзија за сите конзоли подоцна годинава.

Што мислите вие, дали оваа FPS батл-ројале игра има шанси да им парира на великаните во оваа категорија?