Унапредувањата на капацитетот на PS5 ќе бидат достапни од ова лето

PS5

PlayStation 5 можеби има предност кога станува збор за ексклузивните наслови, но Xbox Series X има голем број пристапни карактеристики, како за софтвер, така и за хардвер. Една од тие карактеристики е можноста да се унапреди или да се прошири капацитетот со екстерен SSD. Sony најави минатата година дека играчите нема да имаат можност да користат унапредувања за интерниот SSD на нивниот PS5 при лансирањето, туку ќе го добијат на своите конзоли во иднина.

Според Такаши Мочизуки од Bloomberg, се чини дека унапредувањето на внатрешниот капацитет на PlayStation ќе биде подготвено за играчите ова лето. Ова значи дека играчите ќе можат да ја користат M.2 SSD картичката за експанзија која ќе биде поставена во вашата PS5 конзола. Овие унапредувања за капацитетот ќе бидат претставени со firmware апдејт на конзолата.

„Како што беше претходно најавено, работиме на тоа да овозможиме M.2 SSD експанзија на капацитетот на PS5. Тајмингот не е најавен, а деталите ќе бидат откриени подоцна“, открива портпаролот на Sony.

PlayStation 5 има вкупен SSD капацитет од 825 GB, од кои околу 158 GB се резервирани за системските фајлови и апдејти. Така, на играчите им остануваат 667 GB капацитет. Со оглед на тоа дека новите ААА наслови зафаќаат минимум 40 до 50 GB простор по наслов, а игрите како Call of Duty: Warzone и Destiny 2 зафаќаат и повеќе од 100 GB, потребен е апдејт на капацитетот порано или подоцна.