Урнебесен CS:GO чит софтвер кој ги казнува и си поигрува со хакерите

CS:GO

Читерите се најлошото нешто за онлајн multiplayer игрите. Затоа голем дел од гејмерите поддржуваат се што се презема против читерите, па дури и нешто што ги излудува и ги спречува да ја уништуваат забавата за сите останати. Неодамна, еден гејмер лансираше лажен CS:GO чит софтвер кој е дизајниран специјално за да си поигрува со хакерите, наместо да им помага.

ScriptKid – кој стана еден од омилените ликови кај чесните гејмери – дизајнираше софтвер кој на прв поглед изгледа како да ви ги нуди основните читови. Така, оние кои ќе се излажат и сакаат да се прават смешни и интересни, откако ќе го инсталираат софтверот, истиот презема контрола врз нивната игра и прави да експлодираат, да скокаат намерно во смрт и ред други работи.

Видеото во прилог детално објаснува како ScriptKid го направил својот програм. Тој всушност му платил на Google со цел да се осигура дека неговиот бесплатен програм секогаш ќе се појавува на врвот кога некој ќе „укуца“ „CS:GO Cheats“. Тоа е неверојатно ниво на инвестиција. Во моментот кога ќе биде инсталиран, програмата се активира само под одредени околности, со цел да не ја уништи играта на некој кој го симнал софтверот, но потоа се предомислил пред да направи нешто недозволено.

Тешко дека софтверот на ScriptKid ќе ги предомисли големиот број читери да не симнат било каков читерски софтвер повторно, но да се надеваме дека делумно ќе успее во тоа. Како и да е, можноста да гледаме како читерите се казнети на вистински брутален начин од нешто што самите го симнале е една од најинтересните работи што ќе ги видите.