Утре пристигнува првиот голем апдејт за PlayStation 5

PS5

Од Sony најавија дека PlayStation 5 конзолата утре ќе добие големо ажурирање кое носи некои од ветуваните и исчекувани функционалности.

Пет месеци по лансирањето на PlayStation 5 конзолата, Sony се подготвува за лансирање на првото значително ажурирање на составот. Големиот апдејт на конзолата, кој ќе биде направен утре (среда, 14 април), на конзолата и носи неколку претходно најавени функционалности. Во прилог ви носиме дел од нив.

PS5

– Инсталациите на игрите за PS5 ќе можат да се префрлат на екстерни USB уреди со цел да се ослободи простор на дискот на конзолата.

– PS5 игрите на екстерниот уред нема да можат да се покренуваат директно од тој уред туку оваа функционалност ќе се користи само да не морате повторно да ја симнувате играта или да ја инсталирате од Blu-ray диск.
– PS5 игрите исто така нема да можат да се симнуваат директно на екстерен USB уред.

– Share Play опцијата станува достапна меѓу PS5 и PS4 конзолите, што значи дека корисниците на PS5 конзолата со своите пријатели со PS4 конзоли можат да го споделат својот екран преку интернет и на тој начин во некои случаи да им поделат и игри за PlayStation 5 кои ги играат, дали како co-op искуство или поинаку.

– Game Base менито е ажурирано за побрз пристап до содржините, а од сега можат да се исклучат и известа за сите групи во кои корисникот се наоѓа.

PS5

– Од сега брзински може да се исклучи in-game чатот или да се исклучи звукот од микрофонот и други играчи, или пак поединечно да се подесува силината на звукот на секој играч во групата.

– Додадена е опцијата Pre-download за ажурирање за игрите, така што конзолата ќе може да симнува апдејти во позадина и да ги пријават кога ќе бидат јавно достапни

– Мобилната апликација за PlayStation наскоро ќе добие можност за спојување во мултиплеер на PS5 конзолата директно со мобилните телефони, можност за бришење на игри од дискот на конзолата преку мобилни, споредување на колекциите на трофеи со пријателите, и така натаму.

Од Sony исто така напоменаа дека и понатаму работат на поддршка за проширување на PlayStation 5 конзолите со дополнителни M.2 дискови, но во моментов немаат никакви дополнителни информации за тоа кога поддршката би требало да биде подготвена.