Утре започнува CS:GO турнирот на МЕСА, групите се веќе познати

CS:GO МЕСА

Autumn Gaming Month на МЕСА продолжува со нов турнир, a по Fortnite и Clash Royale, на ред дојде и веројатно најочекуваниот турнир, а тоа е CS:GO.

CS:GO турнирот во организација на Македонската еспорт асоцијација (МЕСА) ќе започне утре (20 ноември) и ќе трае до 22 ноември, а пријавувањето беше бесплатно. Со оглед на тоа дека интересот беше огромен, 32-те места беа експресно пополнети, а вечерва беше извршена и ждрепката за групната фаза.

Bо Групата А се најдоа екипите: CSDMAD Ressurection, Ninth Circle, Rabija i Lisa, babu6i, RussianClan, GODZ1337, Zeksan, LevelUp.

Во Групата Б ќе играат: Aggresivity, tonzahPEEK, CiCiMiCi, MURIJA, COVID-20, Radovish team, OG Dracevo, Skopje5.

Bо Групата В копјата ќе ги вкрстат: Tretiot kamen od sonceto, Bots in Pyjamas, The South Face, Infusion eSport, kavtown, TITANX, Skafander, GoodGame.

Во Групата Г се најдоа: Vardarec eSports, Netflix ‘n’ Kill, 5botz, QQ, Lucror, BlackMens, KTE, sniFFGaming.

Кога станува збор за самиот турнир, треба да се напомене дека истиот ќе се одигра од 20ти до 22ри ноември со почеток во 18:00 часот, додека за време на викендот (Сабота и Недела) со игра ќе се започнува од 11:00 часот.

Правила на турнирот

– Турнирот ќе се одигра по принцип на дупли елиминации (double eliminations) во групната фаза, со што од 32 пријавени тимови ќе се стигне до Топ 8.
– Сите мечеви за време на групната фаза ќе бидат BO1
– Топ 8 ќе се игра со мап вето и ќе биде BO3, по принципот бан-бан, пик-пик. Кој прв банира ќе се одреди преку вртење на паричка на STEAM чат.
– Страна ќе се одбира преку knife round (рунда само со ножеви. Победниците бираат страна).
– Секоја екипа треба да пријави по 5 играчи (препорачуваме да имате уште 1 дополнителен играч како резерва доколку некој од првата петорка не може да присуствува на закажаниот термин. Секако, ова не е задолжително)
– Во roster-от (петорката која игра) минимум 4 членови треба да бидат Македонски државјани.

Мапите на кои ќе се игра турнирот се: Мапи кои ќе се играат: de_inferno, de_nuke, de_mirage, de_train, de_vertigo, de_dust2, de_overpass.