Valorant ќе го промени својот ранкинг систем

ранкинг систем

Кога Valorant прв пат излезе на 2 јуни, опција за „ранкд“ мечеви не постоеше. Но нормално, за играта да биде на ниво со нејзините конкуренти, ваков систем беше неизбежен. Riot Games објави ранкинг систем и изјави дека ќе им треба време за истиот да дојде на посакуваното ниво. Играчите сеуште незадоволни!

Многу играчи сметаат дека моменталниот ранкинг систем има премногу мани и недостатоци. Riot Games сеуште нема ништо официјално објавено, но завчера на 22 јули „протече“ слика која сугерира дека Riot планира да направи големи измени во ранкинг системот уште следниот месец.

Според Twitter коринсникот Valorant Leaks, откривме дека Riot планира да воведе 5 нивоа за секој ранк, за промена на сегашните 3. Со ваквиот систем поконкретно ќе можеме да знаеме каде припаѓаме во одреденото ниво, па и побрзо да осетиме дали напредуваме или не.

„Искрено, не бев сигурен дали воопшто да ја закачам оваа слика, бидејќи не сум сигурен што точно се случува тука. Единствената работа која се приметува меѓу фајловите се стрелките, кои ќе ги означуваат вашите предходни мечеви. Секако, ќе мора да почекаме барем две недели за Riot да го најави новиот „Акт“, кој повеќе ќе ни каже за овие промени“, изјави Valorant Leaks.

Фактот дека стрелките ги гледаме и на Radiant ранкот значи дека наскоро ќе биде ставена можност за додатни ранк листи, па и подобрите играчи ќе знаат колку се всушност подобри од другите.

За сега ова се само шпекувалии, но според моменталнит ранкинг систем сигурни сме дека Riot ќе направи некакви промени.