Valorant: Yoru пристигнува во Епизода 2

Yoru

Новиот агент во Valorant ќе биде Yoru, со неговата способност за телепортирање и невидливост ќе биде одличен за офанзивно stealth играње.

Valorant наскоро ќе го добие својот прв нов агент откако излезе играта. Поточно, сите дополнителни ликови досега биле „агентки“ (Reyna, Killjoy i Skye), додека првиот машки дебитант ќе биде Јапонецот Yoru. Тој припаѓа на напаѓачката класа Duelist, но за разлика од другите членови на таа класа, тој ќе ориентиран кон напади од заседа.

Така, Yoru има корисни моќи како што се лажирање на сопствените чекори и заслепување на противниците. Агентот може да се телепортира, а неговото „улти“ му дава да влезе во сопствената димензија, каде што е невидлив и противниците не можат да му наштетат.

Паралелно со Yoru, доаѓа и втората епизода Valorant, која вклучува скинови за постојните карактери, ново батл-пас и апдејт на играта. Сето ова пристигнува утре, на 12 јануари.