Valve го претстави Overwatch системот во Dota 2

Overwatch Dota 2

Valve го додаде најновиот апдејт кој претставува моќна алатка за помош на заедницата да го регулира негативното однесување меѓу ранковите. Овој систем е наречен Overwatch и сега пристигна во Dota 2.

Да се надигра противникот, или да се направи некој неочекуван clutch е навистина незаменливо чувство, но мултиплеер играта и покрај сето ова, често пружаат и навистина непријатно искуство, особено кога станува збор за тимските наслови. Намерното уништување на партијата, пцуењето, анти-тимските испади и сличните работи, често се случуваат во игрите како Dota 2. Сигурно барем еднаш сте биле жртва на вакво однесување, можеби и самите ги правите истите работи поради излив на нервоза.

Овие проблеми дури и на најголемите и најуспешни компании им создаваат големи проблеми. Оттаму и потребата да се направи прецизен систем кој ќе се ослободи од непосакуваните играчи, или барем да го сведе нивниот број на минимум. Секоја компанија си воведе некои свои методи, се со заедничка цел – да направат попријатно и попривлечно опкружување за своите играчи.

Така и Valve го смисли Overwatch системот кој го имплементираше во CS:GO, кој сега пристигнува во Dota 2. Overwatch е програм за прегледување на replay-от, интегриран во самата игра. Пристап до овој систем имаат само избрани, искрени и искусни членови на заедницата, чија задача е прегледување на индивидуалните „риплеи“, детекција на потенцијални виновници и издавање на банови.

Overwatch систем во Dota 2 и како функционира

По прегледувањето на случаите, „истражувачот“ има обврска да го означи „риплејот“ со оценка. Ако заклучи дека пријавата е валидна, виновникот без компромис ќе биде казнет, зависно од типот на престап кој го направил.

Overwatch Dota 2

Valve уште во октомври 2020 година во својот блог откри дека работи на нов систем во Dota 2, сличен на CS:GO Overwatch. Valve во ноември додаде дека системот е се уште во фаза на развој и дека ќе претставува додаток на веќе постоечкиот репорт систем. Е па, сега, системот конечно пристигна.

Во кратки црти, Overwatch системот во Dota 2 го претставува следново:

„Overwatch нуди саморегулација на Dota 2 заедницата со воведување на систем за преглед на replay и пријави за мамење или било каков вид на недозволено однесување. Пристап до Overwatch имаат искусните и сигурни членови на заедницата, кои ги прегледуваат случаите и изрекуваат соодветна казна, ако пријавите се валидни“.

Reporting

Репортите сега можат да се направат директно во меч преку скорбордот, или преку селектирање на играч и кликнување на знаменцето на нивниот херој. Со ставањето на маркери во мечот ќе се индицира идните „истражувачи“ каде да гледаат за негативно однесување, а можете да го пријавите истиот играч колку пати и да сакате – што значи дека колку повеќе репорти поднесете кои се точни, толку многу повеќе докази „истражувачите“ ќе имаат за да направат случај против „обвинетиот“.

Како додаток на новиот систем, играчите сега имаат различен пул на пријави за Overwatch посебен од комуникацискиот репорт. Со репортирање на играч за Overwatch „троши“ еден извештај за Overwatch, без оглед на тоа колку пати го пријавувате тој играч во играта. Како и претходно, извештаите за комуникација се уште ќе се издаваат на крајот од играта.

Комуникациски банови

Како што е наведено и погоре, комуникациските репорти се различни од Overwatch репортите и се уште се издаваат во post-game скринот. Сепак, наместо да се спречуваат корисниците од пишување или кроистење на гласовниот чат за време на меч, комуникацискиот бан сега ќе ги „мјутне“ оние играчи кои заслужуваат. Како резултат на тоа, другите играчи можат да изберат за себе дали да го „ан-мјутнат“ својот соиграч кој е баниран или не. Кога баниран играч ги користи комуникациите за време на меч, ќе добијат потсетување за својот статус во чат прозорчето.