Valve го одреди домаќинот за TI 10, датумот за почеток е одложен

TI 10

Две недели откако беше потврдено дека Dota 2 The International 10 нема да се одржи во Стокхолм, Шведска, Valve најде нов дом за најголемиот еспорт настан, а тоа ќе биде романската престолнина Букурешт.

Со оглед на тоа дека настанот ја промени својата локација, TI 10 исто така ќе започне и нешто подоцна, односно цели два месеци, па така наместо од 5 август, ќе започне на 7 октомври, а плејофот ќе започне на 12 октомври.

Valve иницијално истакна дека е во потрага по „можни алтернативи на друго место во Европа“ кои би биле домаќини за настанот во август, откако шведската влада и шведската спортска федерација одбија да го примат еспортот како рамноправен член во спортската федерација. Тогаш компанијата најави дека официјално ќе бара нов град каде ќе се одржи TI 10.

Сега е одлиучено најдобрите Dota 2 тимови на светот да се соочат на најголемиот стадион во Романија, „Националната Арена“ во Букурешт, почнувајќи од 7, па се до 17 октомври.

„Благодарни сме за партнерството кое го оформивме со Романија и градот Букурешт и со нетрпение го очекуваме собирот на глобалната Dota 2 заедница, како на лице место, така и виртуелно, со цел да ги славиме елитните играчи и неверојатните навивачи на The International. Подгответе се, конечно битката започнува“, објавија од Valve.