Valve издаде Dota 2 Battle Level Bundle

Battle Level Bundle
Првиот Battle Level Bundle за 2020 година се појави завчера во Dota 2 сторот. Овој пакет содржи 120 левели и 18 treasure chests можете да го купите по цена од 29,99$.

Традиционалниот Battle Level Bundle се врати. Valve уште еднаш со одлична понуда. Со овој бандл добивате 120 левели, , 9 x Immortal Treasure I, 6 x Immortal Treasure II i 3 x Immortal Treasure III. Со оваа трансакција имате заштеда од 75%, но секој играч е ограничен на само два бандлс. Доколку ги купите овие 2 бандлс од самиот почеток, вие ќе бидете само 14 левели кратки од Toy Butcher Pudge Persona што се наоѓа на левел 255. Ова е одлична шанса за играчите кои имаат пари, а немаат многу време за играње да ги стигнат „грајндерите“ во левели. Побрзајте, бидејќи оваа понуда трае само до 28. јуни!

Играчите масовно почнаа да ја купуваат оваа понуда, тоа можеме да го видиме на TI10 prizepool tracker графата. Но, доколку сега не сте во можност да го купите овој бандл без гајле. Valve има тренд да пушта повеќе од еден бандл за време на Battle Pass така да сигурно ќе имате барем уште една шанса.