Викендов добијте двојно повеќе Токени во Overwatch лигата

Токени

Blizzard најави дека дропот на токени овој викенд ќе биде дупло поголем. Со неодамното додавање на скинот Alien Zarya на MVP Jay “Sinatraa” Won, ке имате уште повеќе контент за да ги добиете овие токени.

Поради транзицијата на Overwatch лигата од Twitch на Youtube, токените добија привремено отстранување. Но, тие се вратија со  League Regional Tournaments на  22 мај. Фановите исто можат да се здобијат со токени купувајќи ги или освојувајќи ги преку многуте giveaways на тимовите.

Дупло повеќе токени и скинови

Еве како фановите можат да ја искористат максимално оваа понуда на „Викенд на Дупли Токени“, па и да земат некој оган скин додека го прават тоа:

  • Логирајте се на вашиот Blizzard акаунт на официјалната страна, мобилната страна или мобилната апликација.
  • Уживајте во вашиот омилен Overwatch League контент
  • Заработете 10 League Tokens за секој саат посветен на гледање мечеви во живо(што е дупло повеќе од вообичаените 5)
  • Времето на гледање и постојано регистрирано, што значи дека се акумулира додека гледате прекувремено.
    • Гледајќи 30 минути сабајле, и 30 минути попладне ќе ви заработи 10 токени
    • Но, токените се пуштаат на секој саат, што значи нема да добиете 5 ако гледате само 30 минути
  • Токените можете да ги трошите на били која Overwatch платформа(PC, PlayStation 4, Nintendo Switch, Xbox One, итн.)

Фановите можат да ги трошат токените за огромен број на ингејм контент. Ова обично се состои од лимитирани промоции на скинови од вашиот омилен тим за вашиот омилен херој за 100 токени. Лесно ќе се снајдете за да дојдете до оваа опција. Се што треба да направите е да одите во Main Menu, па во Overwatch League табот. Тука ќе ги видите сите доспатни тимови и скинови, и ќе можете да ја одберете вашата омилена опција.

Kој е вашиот омилен херој и омилен тим? Кажете ни во делот за коментари на facebook или на самиот пост.