Во подготовка е open-world Dungeons & Dragons игра со огромен буџет

Dungeons & Dragons

Кон крајот на 2019 година претседателот на Wizards of the Coast, Крис Кокс, истакна дека во подготвка се седум или осум игри базирани на Dungeons & Dragons. Веќе се знае за Baldur’s Gate 3 и Dark Alliance, а сега, благоадрение на твитот од Hidden Path Entertainment, знаеме и за уште една.

Креаторот на Defense Grid серијата, како и кодевелопер на CS:GO и Age of Empires 2 HD, објави оглас за работа во кој вели дека „се во развој на AAA, third-person, open-word фантазиска RPG игра која ќе се одвива во франшизата на Dungeons & Dragons“.

Dungeons & Dragons има долга историја со видео игрите, а првиот наслов базиран на оваа борд игра излезе во 1980 година. Baldur’s Gate е успешна видео игра која е спин-оф на D&D Forgotten Realms кампањата, додека третиот дел од серијалот, Baldur’s Gate 3 треба да искочи наскоро.

Но, овој нов проект кој е во развој од страна на Hidden Path Entertainment ветува да биде еден од најдобрите досега. Самото тоа што се најавува како AAA наслов со голем буџет и во open-world стил ветува многу. Останува да видиме дали ќе успее да ги исполни очекувањата, а засега остануваме само на овие информации. За жал се уште немаме други детали, како можен датум на лансирање или за кои платформи ќе биде играта. Но, во секој случај станува збор за возбудлива вест.