Втората DPC сезона официјално започна

Втората сезона на DPC започна вчера на 13-ти април. Ќе биде поделена на 6 шестнеделни регионални лиги, на чиј врв ќе се одржи следниот мајор, чија локација сè уште не ни е позната. Втората сезона ќе трае од 13 април до 23 мај.

https://twitter.com/DreamHackDota/status/1381910173720186881?s=20

Секој од шесте региони ќе учествува во сопствената регионална лига со горните и долните оддели на натпреварот, кои ќе бидат опфатени од соодветните организатори.

  • Evropa – Dreamhack
  • CIS – ESL
  • Kina – Perfect World
  • SEA – PGL
  • Severna Amerika – BTS
  • Južna Amerika – Dota Pit

Во зависност од резултатите во нивните регионални лиги, тимовите ќе освојат парични награди, DPC поени, но и пласман на претстојниот мајор.

Со почетокот на втората DPC сезона вчера вечерта видовме судир помеѓу екипите на OG и Brama во горната дивизија на натпреварувањето. По неуспехот во првата сезона, фановите на ОG со нетрпение дочекаа да видат како ќе се покаже тимот кој е составен од 4 двојни TI шампиони и нашиот Saksa.

OG пружија 2 интересни победи исполнети со многу „дајвање“ на фонтана. Иако ова беше тим кој е дојден од „пониската“ дивизија, тие покажаа доминантен перформанс. Дали ова ќе биде случајот со тиер 1 тимовите од Европа, останува да видиме.

Сите натпревари од Европската регионална лига можете да ги следите на официјалниот канал DreamLeague Twitch.

За детален распоред на втората сезона, видете на овој линк.

Кои се твоите предвидувања за втората сезона? Кој ќе се квалификува за мајор?