Втората сезона на DOTA: Dragon’s Blood е официјално најавена

Dragon's Blood

Valve и Netflix официјално објавија дека следната сезона на DOTA: Dragon’s Blood е во подготовка. Дали сте подготвени да ја дознаете судбината на Давион, Мирана, Инвокер, Луна, Селемене и Терорблејд?

Првата сезона на аниме серијата DOTA: Dragon’s Blood излезе пред помалку од еден месец и можеме да кажеме дека 8 епизоди содржина дефинитивно не нè задоволија. Бидејќи повеќето фанови на Dota 2 веројатно ја гледаа првата сезона за само еден ден, многумина се прашуваа дали ќе добиеме продолжение на приказната.

Ако ви се допадна серијата, имате среќа, бидејќи Valve официјално потврди дека следната сезона или „Book II“ е во подготовка. Не добивме специфичен датум на објавување, но веројатно може да го очекуваме во март следната година. Ќе се изначекаме, но како утеха, постои можност новата сезона да има повеќе од 8 епизоди.

Додека чекате, придружете се на втората DPC сезона и следете ги вашите омилените тимови, но исто така можете на Netflix да го гледате Dota 2 документарецот „Free To Play“