Xbox размислува да додаде DualSense карактеристики на Series X контролерите

Xbox DualSense

Во текот на ноември минатата година целото внимание беше насочено кон next-gen конзолите на Xbox и Sony. Со лансирањето на Series X/S и PlayStation 5 јавноста постојано беше под напад на next-gen карактеристиките и ги истражуваа сите можни детали за двете технолошки играчки. Графиката, шемите, корисничките интерфејси… Сето тоа ни беше на мегдан за да можеме сами да си правиме споредба, но сепак имаше едно поле во кое PlayStation беше без конкуренција кога станува збор за иновативноста – DualSense контролерот.

Xbox DualSense

По затишјето на војната на конзолите, некои Xbox играчи истакнаа дека иако се среќни со новиот продукт кој го купиле, свесни се дека новите карактеристики во DualSense контролерот даваат еден поинаков next-gen „филинг“ во однос на нивниот Xbox контролер. Барем тоа може да се заклучи од истражувањето кое го спроведе Microsoft меѓу своите клиенти.

Во анкетата која била испратена до неодамнешните купувачи на Xbox Series X/S, биле поставувани прашања конкретно за искуството од конзолите. Најпрво, дали веруваат дека конзолата е висококвалитетна, посакувана и доволно next-gen, а потоа прашањата се насочиле кон PlayStation.

Xbox веќе го пофали DualSense

Едно такво анкетно прашање гласи: „Свесен сум за карактеристиките кои ги имаат контролерите на PlayStation кои посакувам да ги имаше на контролерот кој го добив со оваа конзола“. Ова се однесува на хаптичкиот фидбек и адаптивните тригери кои ги воодушевија гејмерите и критичарите кога пристигна конзолата. Овие карактеристики се навистина силно вклучено со игрите кои играчите ги искусуваат. Тригерите даваат чувство како навистина да пукате со оружје, додека хаптичкиот фидбек нуди секаков вид на вибрации кои и вашиот карактер би можел да ги почувствува во играта. Навистина е нешто невидено досега.

Исто така, не беше и толку одамна кога Фил Спенсер, извршниот потпретседател за гејминг во Microsoft изнесе еден куп комплименти за новите дизајни на PlayStation. Тој истакна дека двата бренда треба „да учат едни од други“. Поради тоа, звучи дека во Xbox се повеќе и повеќе размислуваат да направат некоја своја верзија на DualSense за Series X и S.