Yone и неговите „моќи“ конечно откриени

Yone

Spirit Blossom евентот е полн со новости. Lillia е пуштена, Spirit Blossom квестовите се достапни, а сега Riot го откри и следниот нов шампион, Yone, и неговите моќи. Да ги погледнеме.

Моќите на Yone

Тој како брат на Yasuo има многу слични моќи на него. Еве ги моќите, а и некој совети за како да ги користите.

  • Пасивна – Way of the Hunter: Yone напаѓа со двата меча и неговит втор меч ќе предизвика бонус меџик демиџ. Исто така добива шанса за критикал удар и мава редуциран критикал демиџ (исто како Yasuo). Ова значи дека Yone ќе биде AD шампион кој сака да „билда“ критикал, како и неговиот брат.
  • Q – Mortal Steel: Yone удира према насоката на неговиот таргет и прави физикал демиџ. Кога мава непријатели добива стак од Gathering Storm, а на 2 стака се чарџнува према непријателите. Ова е исто како на Yasuo Q-то, освен што неговиот трет удар предизвикува да шампионот оди нанапред.
  • W – Spirit Cleave: Не, Yone не добива ѕид од ветер. Наместо тоа, тој „дила“ демиџ пред него и добива штит кога ќе удри непријателски шампион. Големината на штитот се зголемува со секој непријателски шампион удрен од Yone.
  • E – Fate Sealed: Yone се фрла нанапред и ги влече сите непријатели во патот позади него. Оваа моќ ќе оди во одлична комбинација со ултимејт магијата на неговиот брат.

Ајтеми и скил „билдови“ на Yone

Со оглед на тоа како работи овој херој, можеме да претпоставиме дека ке ескалира добро со Атак Демиџ и Крит. Ова значи дека најверојатно сакате да „билдате“ слично на неговиот брат Yasuo, со ајтеми како Infinity Edge, Phantom Dancer, и Death’s Dance. За маѓии, ќе сакате да го макснете Q-то, потоа W-то, па на крај E.

За рунови, новиот Херој несомнено ќе сака да го земе Conquerer и да оди до Precision tree. Tiumph, Legend: Tenacity и Coup De Grace ќе работат одлично за него. За втор рун, можете да одите со Domination tree и да земете Ravenous Hanter и Taste of Blood.

Yone најверојатно ќе влезе во PBE ( Public Beta Environment) наскоро, а ќе оди во живо следната Среда по следниот пач циклус.