За помалку од еден саат „надитрен“ новиот CS:GO anticheat систем

CS:GO anticheat систем

Нов CS:GO anticheat систем

Valve во најновата CS:GO бета верзија воведе нов систем кој требаше да ги реши сите проблеми со досадните читери. За CS нефер играњето и не е некоја новост, бидејќи вакви проблеми играта има уште од кога е првпат излезена во 1999 година. Сепак, со најавата на нов систем кој можеби ќе подобри нешто заедницата доби ако ништо друго барем некаква надеж дека нешто ќе се смени. За жал, тоа не беше случајот!

Хакерите ја добија и оваа битка. По тоа што можеме да го видиме на twitter, новиот CS:GO anticheat систем провален уште во првиот саат од неговото излегување.

Други проблеми со новата бета верзија на CS:GO

Но, тоа не е се. Овој апдејт донесе и други проблеми кои само ја го прават нашето искуство со играта полошо. Имено, голем број играчи пријавуваат „сецкање“ во бета верзијата, што ја прави играта неигрива. Исто, многу играчи од кога се приклучиле да ја пробаат оваа нова верзија, потоа имале проблем да се вратат назад на старата.

Позитивното од целава проблематична ситуација е што Valve конечно му даде внимание на проблемот со хакерите и читерите. Се надеваме дека во иднина ќе завршат подобра работа одколку сега, за да не се јавуваат вакви проблеми.