Започна 2020 летната сезона во LoL LEC лигата

LEC

Пандемијата на новиот коронавирус остави големи последици и на LoL еспорт сцената. Поради ограничените финансиски средства екипите не се засилуваа премногу во пресрет на новата LEC сезона и се чини дека оваа година имаше помалку атрактивни трансфери од било кога претходно. Поради тоа не би требало да се очекуваат некои промени на врвот, единствено прашање е дали некој ќе успее барем да ги предизвика G2 Esports, но иако борбата за самата титула нема да биде неизвесна, она што ќе ја одбележи престојната сезона е борбата за четвртото место кое по прв пат води на Светското првенство.

За потсетување, Riot од оваа година додаде по еден слот за Светското првенство 2020 година за најуспешните региони на светот, а тоа се Европа и кина. Покрај двегодишното владеење на G2 Esports и Fnatic во Европа, останатите тимови баш и немаат некои големи шанси да се прослават со освојување на титулата, така да се што им преостанува е да се борат за шанса и тие да го претставуваат регионот на собирот на најголемите светски тимови.

Три тима од кои најмногу се очекува и оваа сезона во LEC не менуваа речиси ништо во својот состав, а тоа се G2 Esports, Fnatic и Origen.

И додека G2 и Fnatic се одликуваат со индивидуалниот квалитет на играчите поради што отскокнуваат од остатокот конкуренција, Origen се потпира на трпеливата и бавна макро игра со која го гушат противникот се додека не направи грешка, што значи дека играчите на Origen умеат навистина добро да се снајдат во такви околности. Тој пасивен стил на игра најверојатно ќе биде доволен за Origen без поголеми потешкотии да си го завери билетот за СП 2020, но и понатамо тешко е да се очекува дека посериозно ќе ги предизвикаат двата водечки тима.

Се наметнува прашањето која ќе биде четвртата екипа која ќе профитира од дополнителното место на СП?

Најлогичен одговор некако би бил MAD Lions, најпријатното изненадување од минатата сезона, тим во главно составен од новајлии во лигата, успеа да ја искористи опуштеноста на G2 и им го нанесе првиот пораз на стартот од плејофот во BO5 мечот во LEC лигата откако во тимот игра Размус Caps Винтер.

MAD Lions на крајот завршија како третопласиран тим во плејофот од пролетниот шампионат, но освен G2 и Fnatic, не играа BO5 мечеви против преостанатите екипи, поради што тешко е да се оцени како ќе се снајдат кога ќе дојде до финалните дуели за пласман во Топ 4.

Тие исто така не менуваа ништо во својот состав, исто како и нивните потенцијално главни ривали, екипата на Rogue, која е исклучително непредвидлива и наглиот пад на формата може скапо да ги чини, но ако одиграат на ниво во плејофот, многу лесно можеме пак да видиме некое изненадување како кога во пролетниот сплит го совладаа фаворизираниот Misfits.

Токму Misfits е третиот тим кој со Rogue и MAD Lions би требало да ја води главната борба за четвртото место во LEC лигата. Овој тим од кој не се очекуваше премногу минатата сезона, но кој и покрај тоа едно време беше на врвот на табелата, доведе големо засилување во видот на Каспер Kobbe Коберуп, поранешниот ADC на екипата Splyce кој замина во Америка, но веќе по една сезона остана без место во Team SoloMid и се враќа дома.

Misfits не само што го доведоа овој исклучително талентиран и искусен carry играч, туку од академијата го унапредуваат неговиот сонародник и соборец на bot lane Медс Doss Шварц, и ако овој bot lane функционира како што треба, Misfits може да биде исклучително страшна екипа во сезоната која претстои.

Останатите тимови ќе се борат за подобар рејтинг

Преостанатите четири тима – FC Schalke 04 Esports, Excel, SK Gaming и Vitality, не би требало сериозно да ги загрозат тимовите од горниот дел на табелата. Од нив најголем потенцијал секако има Schalke 04 Esports кој веќе минатата сезона успеа да се врати по ужасниот старт и да го заврши сплитот со шест победи. Тие го засилија својот bottom lane со унапредувањето на Ристо Nukes Луриа од својата академија, но и понатаму се чини дека овој тим нема доволно квалитет да надигра половина од ривалите во лигата.

Ако некој тим може да направи изненадување тогаш тоа е Excel од кои се очекуваше и минатата сезона, но на крајот потфрлија.

Во секој случај, добриот старт сега е поважен од било кога, секоја победа ќе значи во борбата за што е можно подобар пласман пред плејофот и одлучувачката борба за четирите места кои водат на Светското првенство.