Започнува четвртата сезона во Cold War и Warzone, пристигнува нов Gulag

Cold War Warzone

Во четврток, по повод новата сезона од Cold War и Warzone, повторно пристигнува еден куп нова содржина за играчите. Како стандарден дел од дополнувањето очекуваме нови мапи, модови и оружја, а тука е и новиот Gulag.

Третата сезона од Black Ops Cold War и Warzone ќе биде запаметена по доаѓањето на освежената мапа за battle royale играта, а освежување нема да недостасува ниту во четвртата сезона која започнува в четврток (17 јуни). Истата ќе започне со нов настан под името Ground Fall. За овој настан во моментов немаме нешто многу информации, но знаеме дека ќе мораме да пронајдеме и да лоцираме SAT-Links, што всушност се надоврзува со паднатите сателите кои ќе бидат расфрлани низ Verdansk и со тоа барем малку ќе се промени изгледот на Warzone мапата, вклучително и Gulag.

Четири нови мапи за Cold War, наскоро и нов мод за Warzone

Освен новите интересни точки во Warzone, на Black Ops Cold War пристигнуваат четири нови мапи, од кои две се посебно познати од Black Ops „двојката“ – Rush и Hijacked. Вториот, потполно нов тандем се Collateral и Amsterdam, од кои првата ќе поддржува мод и до 12v12 играчи. Не треба да се заборави ниту на фановите на зомбињата кои ќе се развеселат од новиот Outbreak регион под Ural. Тука секако продолжува и приказната Dark Aether преку Operation Exscision, која е своевиден вовед во новото зомби искуство кое ќе дојде во облик на мапата Mauer der Toten подоцна во текот на сезоната.

Поголем новитет Activision ветува кон средината на сезоната, кога на Warzone би требало да пристигне модот наречен Payload, во кој заедно со уште 39 играчи ќе мораме да браниме два каравани возила со цел да ги доведеме на безбедно или ќе ја саботираме мисијата. Со самото тоа Warzone по прв пат ќе добие мод кој целосно се базира на некоја задача, а за целата работа да помине што е можно побезболно, четвртата сезона носи и пет нови оружја. Новата сезона ќе биде збогатена и за тројца нови оперативци, но и уште неколку други модови. Особена мистериозност оставаат „црвените врати“, кои ќе се појават ширум Verdansk.

Инаку, за информација, Black Ops: Cold War на сите платформи ќе тежи од 17 до 30 гигабајти, додека Warzone 11 до 13 GB.