Зголемен број на читери во Call of Duty: Warzone

Читери

На самиот почекот од излегувањето на Call of Duty: Warzone, батл-ројалот имаше огромен проблем со хакирање. Читери имаше скоро во секое лоби на PC. Тие ја правеа играта речиси невозможна за играње со месеци. Сепак, после голем број жалби и поплаки од заедницата, Infinity Ward конечно презема анти-чит мерки. Од тогаш проблемите со читери беа мали и подносливи. Имено, тоа веќе не е случајот. Откако излезе Сезона 4, хакерите покажаа дека нивните способности може да бидат на повисоко ниво. Сега играта повторно е неподнослива за играње.

Читери неконтролирано уништуваат партии

Доколку во последните неколку недели сте играле Warzone на вашиот PC тогаш ви е јасно за што зборуваме. Поради некоја причина, хакиранјето на системот за заштита на Infinite Ward е полесно од предходно. Слушајќи шпекулации од експертите во заедницата, зголемениот број на читери се должи на некоја слабост на телефонската верификација која хакерите лесно ја експлоатираат.

Откако Infinity Ward го сфати сериозно читувањето, тие имплементираа систем за двојна верификација преку СМС. Ова значи дека мора да имате телефонски број што работи поврзан со вашиот Warzone акаунт. Иако овој систем работеше во последниов месец, хакерите најдоа начин да направат ефтини читови кој лесно ќе пројдат преку оваа верификација. Тие можат да играат со чит додека не се банирани, и после тоа за само неколку долари повторно да го повторат истото.

Како резултат на ова, има огромен раст на читери во Сезона 4 на Warzone. Многу големи имиња во заедницата прозборуваа за нивните гејмови и лобиња како се преплавени од читери. Сега знаеме зошто

Infinity Ward сеуште треба да искоментира на оваа тема. Утешно можеме да кажеме дека девелоперите на играта преземаа брзи мерки последниот пат кога се јави ваков проблем. Се надеваме дека ќе го направат повторно истото.

Infinity Ward has yet to comment on the SMS verification issue or the rise in cheaters. However, the developers did take swift action last time hacking was this much of a problem. Hopefully, they do the same this time around and we have a resolution in the coming weeks.