Зошто Valorant e полесна (и поинтересна) за играње од CS:GO

Valorant CS:GO

Closed beta верзијата на Valorant предизвика големо внимание кај гејмерската и еспорт јавноста, а готовиот производ на играта излезе на 2 јуни. Сепак, темата на муабетот е тоа што Valorant привлече голем број активни и поранешни CS:GO играчи, а сега можеби добиваме и објаснување зошто е тоа така и зошто Valorant e всушност и полесна „shooter“ игра од CS:GO.

Counter-Strike е FPS игра која веќе со години доминира на еспорт сцената, а на сите кои барем малку посериозно ја играле оваа игра им е јасно дека станува збор за прилично комплексна тимска игра. Своето мислење на оваа тема реши да го сподели и Shroud, поранешен CS:GO професионалец, кој во моментов се занимава како стример на Twitch. Тој реши да се осврне малку на новиот конкурент со кој се соочува CS:GO, притоа истакнувајќи дека Valorant навистина му се допадна. Според него, популарноста на новата игра на Riot дополнително ќе расте, а притоа не бара ниту одблиску вештини кои се потребни за играњето Counter.

Начинот на движење и пукачкиот skill се и тоа како важни, но фактот дека Valorant агентите имаат голем број различни способности ја прават играта многу поедноставна. Како пример за ова, Shroud ја напомена способноста на Brimstone да фрли smoke на било кој дел од мапата. Ова го елиминира факторот на специфично позиционирање и манeврирање по мапата.

Shroud истакнува дека оваа карактеристика не значи нужно дека е лоша за самата игра, туку дека нуди повеќе „кежуал“ искуство и успешно привлекува нови играчи. Ова дефинитивно важи и за другите професионалци, бидејќи како што напоменавме претходно, голем број играчи од различни еспорт сцени преоѓаат на Valorant, особено од светот на CS:GO.